Ова остана по вчерашните пожари кај Плетвар

Територијалната противпожарна единица од Прилеп, засилена со волонтери и вработени во општинските јавни претпријатија и “Македонски шуми”, како и со помошта која стигна од противпожарните единици од Битола, Крушево и Кавадарци, пожарите кои во текот на вчерашниот ден избувнаа на територијата на општина Прилеп ги ставија под контрола, пренесе МКД.мк.
– Најголемиот пожар се случи вчера во попладневните часови на Плетвар, поточно на потегот кај каменоломот, Топлица и Тројаци. Заради интензитетот на пожарот, вчера имаше прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, во траење од околу 7 часови. Сакам да истакнам дека со огромен ангажман на припадниците на противпожарната единица, чија работа беше на високо ниво, беше спречено огнот да се префрли на другата страна од магистралниот пат, по што околу 23 часот патот беше пуштен за сообраќај во двата правци, изјави градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, додавајќи дека пожарот е изгаснат на три места, а има и екипи кои ја контролираат состојбата.
– Утрово повторно бевме на терен, на сите три места пожарот е изгаснат. Има екипи кои ја контролираат состојбата и во овој момент таа е стабилна. Членовите на кризниот штаб се во постојана комуникација со сите структури кои се излезени на терен, состојбата се следи и доколку има потреба ние сме спремни да реагираме, додаде Јованоски.
Вчера на 5 места имаше големи шумски пожари кои се појавија во разлика од 2 часа. Со пожарите е зафатена површина од околу 300-400 хектари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.