Тирана во Албанија и Лисабон во Португалија се едни од 10-те најевтини градови во Европа и едни од најпогодните за кратко (и евтино) викенд-бегство од секојдневието, па испланирајте си го уште од сега патувањето.
Многумина се прашуваат кои градови во Европа се најевтини за викенд патување, а изненадувачки е кои места се на врвот на овој список.
Интересна информација е дека градот кој ретко е прв на листата на желби на патниците – Тирана – е најевтиниот град за туристи, според веб-страницата Post Office.
Најскапиот град за викенд патување е главниот град на Норвешка, Осло.
Доколку планирате кратко викенд патување, ова се најповолните европски градови за 2021, според истражувањето на Post Office:
Тирана, Албанија
Катовице, Полска
Вилнус, Литванија
Лисабон, Португалија
Рига, Летонија
Варшава, Полска
Загреб, Хрватска
Будимпешта, Унгарија
Братислава, Словачка
Краков, Полска


