Ова се деталите за свадбата на синот на Аркан

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе запливаат во брачните води, а гала свадбата ќе биде во еден луксузен хотел.
Познато е дека Цеца и Вељко ги почитуваат сите обичаи и традиции, па не е ни чудно што ќе ги почитуваат и свдбените обичаи.Имено, пред венчавката и свадбената веселба, Ражнатовиќ ќе одат во Тител по невестата. Како што налагаат обичаите, пред земање на невестата, сватовите ќе треба да ја турнат јаболката пред домот на Родиќ, а потоа да влезат во дворот.

Вељко изрази желба да се почитува традицијата, а семејството се согласи со него , вели за српските медиуми извор близок на семејството. Црковната венчавка ќе биде во храмот „Свети Сава“, а граѓанскиот брак ќе го склопат во хотелот кој го одбраа за свадбата. На свадбата ќе присуствуваат 500 гости. Цеца не сакаше да се меша во желбите на Вељко и Богдана, но е тука да им помогне околу се што им треба.
Оркестарот Александар Софронијевиќ ќе биде задложен за добра атмосфера, а за микрофонот ќе се фатат Цеца, како и многу нејзини колеги.
Подготвоките се при крај, а снаата и свекрвата одлично се согласуваат.
Салата во која ќе се венчаат ќе биде уредена според желбите на Вељко и Богдана. Таа долго време размислуваше каква венчаница ќе носи, а моментално се последните подготовки на детали на фустанот. Бидејќи Богдана е блиска со женскиот дел од семејството, таа се консултираше со Цеца, како и со Анастасија, вели изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.