Американската медиумска и финансиска компанија „Блумберг“ има своја ранг-листа на најбогатите поединци и семејства во светот.
Листата на најбогати луѓе често е во фокусот на светската јавност, но листата на најбогатите семејства е подеднакво важна. Петте најбогати семејства се:
Волтон од Соединетите Американски Држави,
Ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати,
Ал Тани од Катар,
Хермес од Франција и
Кох, исто така од САД.
Семејството Волтон е основач на најголемиот малопродажен синџир во светот, Волмарт. Се проценува дека нивното богатство вреди повеќе од 400 милијарди долари.
Семејството Ал Нахјан е владејачко семејство во Абу Даби, кој е најбогатиот емират во ОАЕ. Тоа што се владејачка династија значи дека тие имаат контрола врз ресурсите на земјата и клучните индустрии. Нафтата е најголемиот извор на богатство. Тие имаат богатство вредно повеќе од 300 милијарди долари.
Слична е ситуацијата и со семејството Ал Тани . Имено, тие се владејачко семејство во Катар, а нивното богатство вреди повеќе од 170 милијарди долари.
Семејството Хермес го стекнало своето богатство преку својата модна компанија, позната по своите луксузни производи. Нивното богатство вреди 170 милијарди долари.
Семејството Кох се збогатило преку работење во хемиската индустрија и енергетиката. Нивното богатство се проценува на 150 милијарди долари.
The post Ова се петте најбогати семејства во светот appeared first on Во Центар.



