Ова се синовите на Оливер Драгојевиќ, а овој детаљ за неговата сопруга ќе ве изненади

Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ зад себе ги остави својата сопруга Весна и трите синови Дино и близнаците Дамир и Давор.
Тој често во интервјуата говореше колку му значи неговото семејство кое му беше и најголема поддршка во животот.
Најстариот син на пејачот Дино пејачот го добил во 1975-та година, а три години подоцна се родиле близнаците Давор и Дамир.
Оливер и Весна по раѓањето на нивниот прв син сакале да ја зачуваат традицијата и иницијалите Д.Д да им ги дадат на сите три сина.


За сопругата на пејачот се уште се зборува во Сплит како за една од ретките трудници кои на својот пораѓај дошла со градски автобус, додека Оливер во тоа време бил во Лондон.
Ниту еден од синовите не кренале по стапките на својот татко, но можеби еден ден неговите внуци ќе ја продолжат лозата на својот дедо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.