Ова требаше да биде смешно, но излезе голем скандал на телевизија

Италијанска ТВ-емисија, што ја водела водителката Бјанка Гвакеро била прекината во средата откако предизвикала скандал околу емитувањето видео-туторијал за тоа како да купувате „на интригантен начин“.
Италијанската Раи сега размислува за иднината на тоа шоу и може да дојде до промена во раководството, пренесува Vanity Fair.
Во средата попладне, во времето кога обично се емитува „Дето Фато“, шоуто на Бјанка Гвакеро било заменето со филм. Имено, шоуто во вторникот емитувало туторијал за тоа како да се биде секси додека купувате: како да застанете на интригирачки начин, како заводливо да се движите како танчерка на шипка, сите во високи потпетици и кратко здолниште.
– Ова е сериозен проблем, и оваа епизода нема никаква врска со духот на јавната телевизија и уредувачката политика на Раи, објави директорот на јавната телевизија, додавајќи дека е покрената истрага за утврдување на одговорност.
За тоа се извини и водителката Бјанка Гуакеро.
– Овој туторијал требаше да биде комичен и не требаше да се сфаќа сериозно, но овој пат настана грешка, напиша таа на Инстаграм и додаде дека не сака да ги понижува жените на кој било начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.