Пожари избувнуваат низ целата земја, а ситуацијата се менува од час за час. Направив веб-страница што можеби ќе помогне. Fires.mk е страница што ги прикажува активните пожари во Македонија преку сателитски податоци. Целта е да им помогне на сите кои им треба навремена и достапна информација – граѓани, волонтери, локални власти и новинари.
Ова не е решение, но се надевам дека ќе биде корисна алатка. Споделете ја со оние што може да им користи. https://fires.mk




