Овие делови од женското тело мажите ги обожуваат: Гради, задница…?

Поголемиот дел од жените сметаат дека кога станува збор за мажите, тие паѓаат на совршено, затегнато и издолжено женско тело без мани. Но вистината е дека тие всушност сакаат необични детали, а најмногу го ценат природниот изглед.
Коса
Нејзиниот мирис и свежина можат да го натераат мажот да посака да ја бакне. Начинот на кој таа паѓа преку очите обично буди желба за тој лесно да ја тргне позади нејзините уши, а тогаш се буди скоро неиздржлива желба со раката да помине низ неа и да ужива во мекоста на косата.


Кожа
Така мазна и мека, како да го повикува на бакнеж и нежен допир. Токму кожата е еден од причините зошто мажот попорво би поминал романтични моменти со некоја жена отколку со својата богата колекција на филмови за возрасни.
Раменици
Има нешто во женските раменици и вратот што на мажите им е неодоливо. Можеби тоа е совршениот облик кој ги привлекува да се приближат и да вдишат од тој природен мирис на женската кожа. Овој дел од женското тело воедно се смета и за ерогена зона.
Грб
Темелот на секоја елегантно држење и грациозен од е дискретната S линија на грбот, за која многу мажи истакнуваат дека ги привлекува повеќе од деколте. Цвртиот и убаво обликуван грб се инспирација за голем број уметници, а за мажите тоа е магнет за привлечност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.