При одржување на која било љубовна врска, експертите издвоија неколку навики кои можат да помогнат врската да преживее дури и во најтешките периоди.
Успешната врска не се случува случајно, туку се гради со време, труд и мали секојдневни избори. Кога се чувствувате видени, разбрани и поддржани во врската, природно е да бидете понежни, поотворени и поприсутни. Ова создава позитивен циклус што ја прави врската поуспешна.
Едноставни, но важни правила можат да помогнат врската да биде поздрава и поотпорна, пишува YourTango.
Според тоа, ако сакате да изградите здрава врска, важно е да му дозволите на другиот да ве запознае. Затоа е важно да разговарате за вашите чувства, желби, стравови и очекувања. Отвореноста бара ранливост, а ранливоста не им доаѓа природно на многу луѓе. Кога партнерот не знае што ни треба, што ве мачи или што посакувате, тој нема да може да одговори на вистинскиот начин.
Затоа е важно да ги комуницирате вашите потреби, наместо да очекувате другата личност сама да ги препознае. Вашиот партнер не може да ве запознае ако не му го покажете вашето вистинско јас, и убавите и несигурните и чувствителни делови од себе.
Дополнително, во квалитетна врска, не станува збор само за разговор, туку и за давање простор на другата личност да каже што чувствува и што е важно за неа. Ова значи слушање без прекинување, без брзо донесување заклучоци и без наметнување на сопствено мислење. Не мора да се согласувате со сè што ќе каже вашиот партнер, но важно е да му дозволите целосно да се изрази.
Овој вид слушање ќе создаде чувство на сигурност, а кога вашиот партнер се чувствува безбедно, тој е поискрен и поподготвен за интимност. Покрај тоа, љубезните зборови и сериозните разговори се важни, но без конкретни акции, сè лесно може да остане само добри намери. Кога знаете што е важно за вашиот партнер, што го прави среќен, го смирува или го прави да се чувствува сакан, тогаш е време да го покажете тоа во пракса.
Поентата не е во грандиозните гестови, туку во тоа да го натерате вашиот партнер да почувствува дека сте се сетиле што му е важно и дека доволно ви е грижа за да го претворите тоа во акција. Малите нешта покажуваат внимание, присуство и желба другата личност да биде добро.
The post Овие навики на паровите влијаат врз опстанокот на љубовната врска appeared first on Во Центар.



