Овие работи некогаш биле бесплатни, а сега “дебело“ ни ги наплаќаат

Во последните неколку години, веројатно и поради сè поголемата криза, бесплатните работи во светот се во сè помал број.
Постојат работи за кои денес плаќаме, а во минатото истите биле бесплатни.
Еве само дел од нив:
Авионски услуги
Носење на багаж, гледање на филмови за време на летот, храна, вода и слично – сите овие работи порано најчесто биле бесплатни. За жал, денес тоа не е така, па често се наплаќа дури и чаша вода.
Испорака на храна


Некогаш била бесплатна, меѓутоа денес голем број на ресторани ги наплаќаат услугите за доставување на храна до вашиот дом. Обично станува збор за мала сума на пари, но сепак. Поради тоа, доколку сакате да заштедите, секогаш при порачување на храна прашајте дали доставата е бесплатна, а доколку не е, побарајте друг ресторан кој нуди бесплатна достава.
Банкарски услуги
На надоместоците за банкарски услуги денес им нема крај и можеме да ги набројуваме до недоглед. Поради тоа, пред да донесете одлука за отворање на сметка во одредени банки, добро информирајте се околу тоа кои услуги им се нудат бесплатно на клиентите, а кои се наплаќаат.
Телевизија
Да, во минатото и телевизијата била бесплатна. Иако идејата за ТВ антена можеби изгледа смешно, програмите биле бесплатни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.