Овие 20 реченици ќе ви го направат животот поубав: Прочитајте, запомнете и применете!

Во својата книга „Мал прирачник за животот“, Американецот Џексон Браун Џуниор три години по ред беше на врвот на “New York Times Bestsellers”.
За успешен и среќен живот – вреди да ги прочитате овие 20 реченици.
1. Кажете и „ДА“ на вистинската личност. Таа животна одлука е 90% од вашата среќа.
2. Работете го она што го сакате, она што е вредно за вашето време и талент.
3. Дајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат. Доколку заслужиле!
4. Бидете полни позитива и ентузијазам – станете најпозитивниот човек што го познавате.
5. Простувајте си себеси, за да можете да им простите и на другите.
6. Бидете великодушни.
7. Бидете благодарни на се’ што имате. И најмалата ситница понекогаш има голема вредност.
8. Упорност, упорност и само УПОРНОСТ!
9. Не ги расфрлајте парите. Трошете онолку колку што заработувате. Не е лошо понекогаш да заштедите нешто од скромните примања.


10. Однесувајте се кон сите – онака како што сакате тие да се однесуваат со вас.
11. Работете на тоа да ги исправите досегашните ситни грешки и пропусти. Напредокот е клучен фактор!
12. Подобрете го „личниот квалитет“.
13. Среќата не е во она што го поседувате, во престижот или во моќта, туку во она што го градите со тек на време – врската со луѓето кои ги сакате и почитувате.
14. Бидете лојални!
15. Бидете искрени!
16. Поттикнете се самите на нови почетоци.
17. Одлучноста и истрајноста мора да ги поседувате! Дури и кога не сте во право.
18. Преземете ја одговорноста за своите постапки, неуспеси, падови во секој сегмент од животот.
19. Бидете храбри! Жалете само за она што не сте го направиле, а не и за направеното.
20. Внимавајте на луѓето кои ги сакате!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.