Овие 3 намирници се еликсир за мозокот: Јадете ги по 50-тата година, вашата меморија ќе биде како во дваесеттите години!

Храна што ја зачувува меморијата по 50 години.

Експертите тврдат дека генетиката игра важна улога во одржувањето на здравјето на мозокот, но начинот на живот и исхраната имаат уште поголемо влијание. Со избирање на вистинската храна, можеме да го забавиме стареењето на мозокот и да ја подобриме концентрацијата и меморијата. Неврохирургот д-р Брајан Хофлингер ги откри трите намирници што ги користи секој ден за да го одржи мозокот во врвна форма, а сите се лесно достапни!

1. Рибата е гориво за мозокот

Масните риби, како што се лососот, скушата, пастрмката и сардината, се вистинска суперхрана за мозокот. Тие се богати со омега-3 масни киселини, кои ја стимулираат работата на мозочните клетки и го подобруваат протокот на крв во мозокот. „Лососот и туната се моите омилени бидејќи се богати со омега-3 и имаат малку заситени масти, што е идеално за здравјето на мозокот“, објаснува д-р Хофлингер.

2. Јаткастите плодови штитат од заборавеност

Оревите, бадемите и ф’стаците се полни со здрави масти и протеини кои го хранат мозокот и го намалуваат воспалението. „Оревите се особено корисни бидејќи содржат ALA, растителна форма на омега-3 масна киселина која ја поддржува структурата на мозочните клетки“, вели докторот. Само една шака јаткасти плодови дневно може многу да помогне во одржувањето на менталната бистрина.

3. Листовиот зелен зеленчук е еликсир за мозокот

Спанаќот, кељот и брокулата содржат многу витамин К и фолна киселина, кои се клучни за меморијата и концентрацијата.Студиите покажуваат дека луѓето кои редовно јадат зелен зеленчук имаат подобри когнитивни способности и побавно стареење на мозокот.

The post Овие 3 намирници се еликсир за мозокот: Јадете ги по 50-тата година, вашата меморија ќе биде како во дваесеттите години! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: