Овие 6 работи редовно ги ставате во машина за садови, а не треба- така се шират бактерии

Машината за садови е веројатно најомилениот дел од бела техника за домаќинките.
Но, за овие садови сепак е подобро да се користи стариот добар сунѓер.
1. Дрвен прибор за јадење – се што е од дрво на висока температура во машина може да ја промени својата структура, па дури и да пукне. Затоа подобро бирајте да ги измиете на старомоден начин.
2. Кристални чаши – чувствителниот кристал лесно може да „настрада“ во машина, но и стаклото со време може да го изгуби сјајот. Затоа мијте ги рачно и користете нежен детергент.
3. Бакарни садови – високите температури и агресивниот детергент може да предизвикаат рѓосување на бакарниот сад.


4. Ренде – рендето е мачно да се измие, па често го ставаме во машина, но кај него остатоците од храна се кријат до делови во кои машината не мо=же да допре, па сепак е подобро рачно да се измие.ж 
5. Скапи квалитетни ножеви – со редовно миење на ножевите во машина, може брзо да отупат. Посебно кога станува збор за керамички ножеви, им се продолжува траењето ако се мијат рачно.
6. Садови за храна на миленичиња – мачките, особено кучињата, нушкаат надвор, а често јадат нешто што не би помислиле. На нивните усти се собираат бактерии, кои подоцна се пренесуваат на нивните садови, па лесно може температурата во машината да не ги убие и да се пренесат на садовите од кои ние јадеме. Затоа одбирајте да ги миете рачно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.