Овие 9 работи прават да бидете помалку атрактивни за другите

Без разлика дали сте во врска или не, сите луѓе сакаат да привлекуваат внимание и да бидат атрактивни за другите. А, бројните истражувања покажаа дека не е важно како изгледате, туку какви сте вие, па тоа може многу да влијае на тоа како ве перцепираат другите.
Во продолжение прочитајте ги деветте работи кои ве прават помалку атрактивни и обидете се да ги избегнувате.
1. Недостаток на сон
Недостатокот од сон не само што ве прави да изгледате бледо и истрошено, туку и жалењето за тоа може да ве направи помалку атрактивни, бидејќи другите луѓе ќе ве гледаат како помалку здрави, потажни и помалку одговорни. Исто така, кога не сте наспани имате помала самодоверба, а самодовербата е секси!
2. Злобно однесување
Една кинеска студија покажа дека луѓето кои се оценети како злобни или сурови се помалку атрактивни од оние кои не се, па затоа престанете да мислите дека не се исплати да сте фини и воспитани.
3. Затворен говор на телото
Говорот на телото игра голема улога, па луѓето кои често ги прекрстуваат рацете, го покриваат лицето или ги собираат рамената се доживуваат како помалку посакувани од другите, бидејќи оддаваат знаци на затвореност. Затоа, пробајте да користите поекспресивни пози кога заведувате некого.


4. Стрес
Ако се опуштите и не изгледате како да сте на работ на нервите постојано ќе изгледате поатрактивно за другите. Едно истражување од 2013 година покажа дека жените кои се под стрес се помалку атрактивни за спротивниот пол не само поради начинот на кој изгледаат, туку поради илјадниците години на еволуција кои докажале дека повисокото ниво на кортизол значи помала плодност, а со тоа и привлечност од машкиот пол.
5. Однесување како да сте премногу среќни или горди
Среќата е одлична работа, но жените не реагираат добро на мажите кои изгледаат “премногу” среќно. А, додека жените повеќе би одбрале маж кој изгледа гордо, мажите сакаат да се држат подалеку од жените кои покажуваат голема гордост.
6. Недостаток на смисла за хумор
Едно истражување од 2009 година покажа дека луѓето со смисла за хумор се перцепирани како поатрактивни, па следниот пат кога ќе сакате да “глумите” бизнис сериозност, размислете повторно.
7. Мрзливост
Не е тајна дека немањето енергија не е баш најатрактивна карактеристика, но причината за овој феномен е навистина интересна. Имено, луѓето кои изгледаат како да помагаат се сметаат за поатрактивни, што значи дека мрзливите не се привлечни.
8. Мирисање премногу исто како некој или премногу различно
Луѓето бараат партнери кои не се премногу исти, но не и премногу различни, а голема улога во тоа очигледно има миризбата преку која се утврдуваат генетските разлики. Очигледно, партнерите кои имале сличен мирис имале послаба врска, па биле посклони кон неверство, бидејќи биле попривлечени од некој што имал различна генетска миризба. Но, луѓето кои мирисале премногу различно исто така не се привлекувале, што значи дека најдобро е да се најде златната средина.
9. Лажење
Ова баш и не е многу изненадувачки, а го има потврдено и едно истражување од 2006 година. Резултатите покажале дека оние кои лажат имале негативно влијание врз атрактивноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.