Овошје број 1 против холестерол, притисок, мозочен удар: Кој јаде, здрав е како дрен!

Ако може да им се верува на некои истражувања, урмите се вистинска суперхрана која го штити телото од кардиоваскуларни болести!

Овошје број 1 против холестерол, притисок, мозочен удар: Кој јаде, здрав е како дрен!

Здравствените бенефити се многу широки, а ова се осумте најважни:

1. Богати се со железо

Урмите се одличен извор на железо, и баш поради тоа им се препорачуваат на деца и луѓе кои патат од анемија.

2. Спречуваат дијареа

Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добрите бактерии.

3. Лечат затвор

Освен што спречуваат дијареа, урмите го решаваат и проблемот со затвор.

4. Ја чуваат витката линија

Ако сакате да спречите натрупување масни наслаги, потрудете се секој ден да изедете по неколку урми на празен стомак. Но, внимавајте да не претерате со урми – преполни се со шеќер.

5. Го регулираат холестеролот

Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, така што ги чистат крвните садови.

6. Го зајакнуваат срцето

Редовното консумирање урми ја спречуваат појавата на атеросклероза, главен причинител за срцев удар.

7. Го регулираат крвниот притисок

Ако патите од хипертензија, слободно јадете урми, бидејќи содржат натриум, а богати се и со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 мг магнезиум, кој е многу здрав за крвотокот.

8. Спречуваат мозочен удар

Благодарение на калиумот кој го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар, доколку ги консумирате редовно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.