Овој селектор на Светското првенство ги доведе и жената и љубовницата

Селекторот на репрезентацијата на Мексико, Хуан Карлос Осорио предизвика хаос на Мундијалот, како со одличната игра на својата репрезентација, така и со однесувањето надвор од теренот.
Имено, на мечот од осминафиналето на Светското првенство против Бразил, Осорио се појави со својата сопруга и љубовница. Оженетиот татко на две деца наводно веќе две години има љубовна афера со спортската новинарка Маријана Закаријас, пишуваат тамошните медиуми.
Додека неговата сопруга со децата мечот го пратеше од трибините, неговата љубовницата го следеше од ложата за мексиканските новинари. Таа ја искористи оваа прилика да се слика и тоа да го сподели со верните следачи на социјалните мрежи.

-Секогаш говореше дека држи се под контрола, дека и со жената и со љубовницата во тимот, но откако е со оваа девојка стана многу баран, кажал извор до селекторот.
Според многумина, тие доста влијаеле не него и неговата концентрација на мечот со Кариоките.
Исто така, изворот близок до селекторот навел и дека неговата сопруга знае за љубовницата, но дека Осорио се однесува према тоа како да не е ништо важно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.