Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болести

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно пијат чај имаат 11 проценти помал ризик од кардиоваскуларни заболувања во споредба со оние кои не го консумираат.

 Повеќе од 480.000 возрасни лица во Кина учествувале во студијата, која била објавена во „Journal of Internal Medicine“ , и биле следени во просек 9,05 години.

Во тој период, 14.863 испитаници развиле болести како што се срцеви заболувања , цереброваскуларни заболувања, белодробни заболувања и периферна артериска болест.

Најнизок ризик е забележан кај луѓе кои пиеле помеѓу шест и осум шолји чај дневно, објави агенцијата ДПА.

Кој чај има најмногу придобивки?

Резултатите, исто така, покажаа дека консумирањето црн чај е постојано поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни заболувања отколку консумирањето зелен чај.

Најмал ризик е забележан кај луѓе кои пиеле умерено силен чај, додека консумирањето на екстремно топли пијалоци е поврзано со поголем ризик од овие болести.

– Збирните анализи покажаа дека консумирањето чај, статусот на пушење и физичката активност се поврзани со кардиоваскуларниот ризик. Комбинацијата од редовно пиење чај, непушење и високо ниво на физичка активност е поврзана со најнизок ризик – наведоа авторите на студијата.

Сепак, важно е да се нагласи дека резултатите укажуваат на поврзаност, но не докажуваат дека чајот директно го спречува развојот на кардиоваскуларни заболувања.
The post Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болести appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: