САЛАХ ЦЕЛ НА ГРАБЕЖ | ОГРАБЕНА НЕГОВАТА КУЌА ВО КАИРО

Непознати разбојници упаднале во куќата на ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах во Каиро (Египет) и одзеле сателитски приемници, јавуваат локалните медиуми.

САЛАХ ЦЕЛ НА ГРАБЕЖ | ОГРАБЕНА НЕГОВАТА КУЌА ВО КАИРО

Египетските власти во моментов истражуваат откако била упадната куќата на Салах, а се вели дека на се сведочел роднина кој поминувал покрај куќата и видел дека прозорците на имотот се отворени.

Брзата проверка покажа дека куќата е во неред, односно дека работите се расфрлани и дека од ресиверот биле украдени сателитски приемници.

Тамошните медиуми пишуваат дека полицијата во моментов истражува што точно се случило и дека во врска со ова разговарале со обезбедувачите и ги прегледале надзорните камери. Инцидентот, додаваат на крајот, се случил за време на викендот.

Тој и неговите соиграчи сега го чекаат реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал во Мадрид и ќе се обидат да направат вистинска сензација и да се вратат по поразот од 5:2 на „Енфилд“.

Пронајдете не на следниве мрежи: