Ограбен објект на финансиско друштво во Центар, одземен сеф со пари

Во раните утрински часови е извршена кражба со насилно влегување во објект на финансиско друштво на подрачјето на Центар, при што бил одземен сеф со пари, информираат од СВР Скопје.

Како што соопштуваат од полицијата, настанот бил пријавен на 17 јануари 2026 година во 05:20 часот, при што било утврдено дека сторителот или сторителите насилно влегле во објектот и го одзеле сефот со парични средства.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за идентификување на сторителите и утврдување на точната материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: