Огромна количина оружје пронајдена  во Матејче

На нива во близина на село Матејче била пронајдена поголема количина оружје, информираше Министерството за внатрешни.
Вчера во 09:30 часот на местото викано “Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка од кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Предметите биле безбедно подигнати и се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.