Мерки на претпазливост му се определени на шефот на Вишото јавно обвинителство Битола, против кого е поведена истрага поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, соопштија од Кривичниот суд Скопје.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.
Против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти судот.
The post Одземен пасошот и забрана за работа: мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола appeared first on Во Центар.



