,,Оди и спаси ја твојата земја!” – Украински тајкун верува дека Зеленски треба да си замине: „Доцна е за него, но за Украина не е“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се повлече за да ја спаси својата земја, смета Александар Темерко, украинско-британски енергетски тајкун кој претходно работел во руското Министерство за одбрана.„Не е доцна за Украина, но може да биде за Зеленски”, рече тој.Во написот што го напиша за британскиот весник „Телеграф“, Темерко тврди дека Зеленски повеќе не дејствува во интерес на Украина и дека неговиот пристап активно им штети на изгледите на земјата за постигнување мир.„Време е да се согласиме на демократски избори и да се отвори пат за влада на национално единство”, напиша тој.Неговиот повик доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец предложи Зеленски да одржи избори, нарекувајќи го „диктатор“, и покрај тоа што украинскиот закон забранува избори додека е на сила воената состојба.За да се најде решение, Темерко предлага Зеленски да распише избори за оваа година и да остане на функцијата привремен претседател додека не се избере нова влада.„Ако доброволно се повлече, ќе има можност да го зачува своето достоинство како херој на Украина – лидер кој одговори на повикот на нацијата во најмрачниот час и потоа ја направи вистинската работа кога беше неопходно“, заклучи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: