“ОДЛИЧНА РАБОТА, 435 КОЊСКИ СИЛИ ЗА 1,ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ” Орбан и Ердоган си разменија ХИТ ПОДАРОЦИ по повод јубилејот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му подари на унгарскиот премиер Виктор Орбан турски електричен автомобил Togg за време на официјална посета на Будимпешта.

– Претседателот Ердоган на премиерот Орбан му подари црн електричен автомобил Togg со регистарски број „HU TR-100“. во чест на 100-годишнината од дипломатските односи меѓу Турција и Унгарија – соопштија од кабинетот на турскиот претседател.

На објавените фотографии се гледа како Орбан вози автомобил.

Орбан, од друга страна, на гостинот му подари коњ по име Аристократ.

– Тоа беше добра работа! 435 коњски сили во замена за еден. Добре дојдовте претседателе Ердоган – напиша Орбан на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ердоган пристигна во понеделник во официјална посета на Унгарија. Во рамки на посетата, Ердоган се сретна со унгарската претседателка Каталин Новак и премиерот Виктор Орбан, а предвидени се средби и со други претставници на унгарските власти. Турскиот лидер ќе учествува и на состанокот на Унгарско-турскиот совет за стратешка соработка.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно изјави дека на состанокот на советот за стратешка соработка ќе биде потпишан договор за приоритетно стратешко партнерство и заемна помош во вонредни ситуации помеѓу Унгарија и Турција.

Турскиот електричен автомобил Togg вообичаено забрзува до 100 километри на час за 7,4 секунди, полнењето до 80 отсто од енергијата на батеријата ќе трае 28 минути со специјално полнење, а батеријата може да се полни шест часа од обичен штекер.

Пронајдете не на следниве мрежи: