четврток, 12 ноември 2026
Најново

Одлични дестинации за соло патување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога ви е преку глава од договори и преговори за најразлични одмори и патувања, пресечете и тргнете сами.

Патувањето соло има свои предности, како помалку ограничувања и исполнување само на сопствените желби и потреби. Иако можете да отидете секаде каде ќе посакате, искористете ја шансата да видите некое место што го сметате за посебно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Доколку не можете да се одлучите, погледнете ја оваа листа од пет најпопуларни дестинации за соло-патување и изберете нешто што ви се допаѓа:
 
 
Хелсинки, Финска
Сауни, локална храна, несекојдневна архитектура и сезонски попусти во продавниците – што повеќе може да ви треба?

Рејкјавик, Исланд
Рејкјавик е еден од најбезбедните градови за туристите, а во исто време нуди и многу можности за прошетки, посета на културни манифестации, уживање во кафе-барови и авантури низ природата.

Велингтон, Нов Зеланд
Возењето со шинобус и разгледот на градот е само една од причините зошто да го изберете како дестинација, доколку имате можност за тоа. Исто така, има многу слаткарници и ресторани за да го задоволите својот вкус.

Тбилиси, Грузија
За Тбилси може да се каже дека е скриена скапоценост, со прекрасна и автентична архитектура, историски знаменитости, вкусна храна и одлично локално вино.

Буенос Аирес, Аргентина
Колоритен град во кој е невозможно да не се вљубите. Таму секогаш има некој уличен фестивал во кој можете да се претопите и да заборавите дека сте отишле сами.