Одложувањето на преговорите со Македонија може да има драматични последици, тврди Хан

Одложувањето на почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ би можело да донесе „драматични последици“ за целиот регион, ги предупреди земјите членки на ЕУ еврокомесарот Јоханес Хан. Тој во интервју за новинската агенција “Европа“ вели дека се работи за кредибилитетот на ЕУ, затоа што земјите членки сами го одредија јуни 2019 како датум за одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, па одложувањето би можело да има драматичен импакт врз целиот регион.
Ваквата реакција следи по пораките што вчера пристигнаа од Париз дека земјата останува резервирана за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија во јуни годинава.
Јоханес Хан нема да присуствува на неформалниот самит во Берлин во понеделник посветен на Балканот, затоа што проширувањето не е на агендата. Сепак тој предупредува дека ЕУ, и посебно скептичните земји, треба да внимаваат да не ја запостават оваа политика кон регионот. Особено не пред конкуренти како Русија, Кина и Турција, кои не се заинтересирани на европските вредности и норми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.