Одлуката на САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребен Законот за рестриктивни мерки

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивните мерки во македонското Собрание.Законот е доставен до Собранието од страна на Владата. СДСМ го повикува пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика веднаш да го стави на дневен ред, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.Треба веднаш да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.Денеска, Стејт департментот на САД на „црната“ листа ги стави Стевче Јакимовски, актуелен кандидат за претседател и поранешната обвинителка од СЈО, Катица Јанева, затоа што „со нивните постапки,го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“, се вели во соопштението од Стејт департментот.Инаку, Владата во јануари го поднесе Прелог-законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки со кој ќе се овозможи лицата кои се наоѓаат на „црната листа“ на САД, да подлежат на санкции согласно домашното законодавство, и го достави до Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи: