Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека денеска е важен ден за грчката национална одбрана бидејќи Грција официјално е на пат да набави до 40 авиони Ф-35.
„Врз основа на писмото што го добив од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, беше нагласена и запечатена стратешката длабочина на грчко-американските односи“, рече Мицотакис, според Катимерини.
- Овие два хороскопски знаци тешко наоѓаат заеднички јазикНекои спротивности се привлекуваат, но според астрологијата, постојат хороскопски знаци чии личности,… Read more: Овие два хороскопски знаци тешко наоѓаат заеднички јазик
- Најдобри извори на витамин Ц: Овие пијалоци се подобри од портокалитеСОКОТ ОД ПОРТОКАЛ е првата асоцијација со пијалоци богати со витамин Ц.… Read more: Најдобри извори на витамин Ц: Овие пијалоци се подобри од портокалите
- Лидерот на главната опозициска партија во Албанија Сали Бериша најави национален протест за 31 октомври како поддршка за студентите кои протестираатЛидерот на главната опозициска партија во Албанија – Демократската партија, Сали Бериша,… Read more: Лидерот на главната опозициска партија во Албанија Сали Бериша најави национален протест за 31 октомври како поддршка за студентите кои протестираат
- Спанаќот може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта, најдобро е да се јаде во комбинација со протеиниСпанаќот има малку јаглехидрати и многу растителни влакна, па затоа нутриционистите го… Read more: Спанаќот може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта, најдобро е да се јаде во комбинација со протеини
- Само два дена по поразот на изборите во Бразил: Флавио Болсонаро избега во САД со приватен авионБразилскиот сенатор Флавио Болсонаро, кој во неделата загуби во вториот круг од… Read more: Само два дена по поразот на изборите во Бразил: Флавио Болсонаро избега во САД со приватен авион
Според него, во исто време, Грција ќе добие многу голем пакет опрема бесплатно, со што ќе се зајакнат сите три гранки на вооружените сили, како и крајбрежната стража на Грција.
„Тоа се фрегати, транспортери Ц-130, оклопни тенкови и возила, но и многу други одбранбени материјали кои нашата земја ги обезбеди на барање што лично му го испратив на претседателот (САД Џозеф) Бајден во мај 2022 година“, рече Мицотакис.
Тој посочи дека ова е резултат на методичен, тивок и долг напор, кој претставува комбинација на доследноста на Грција како сојузник на меѓународните фронтови и промоција на нејзините национални интереси.
Американскиот Стејт департмент претходно денеска го информираше Конгресот дека одобрил продажба на 40 ловци Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



