Од булеварот “Илинден“ сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници

Утре и задутре во времето од 21:00 до 06:00 часот, на булеварот “Илинден“ во близина на Градскиот парк, во организација на ДФПУ“ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО, Скопје, ќе се одржи настан – снимање на филм.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.