Од денес автобусите на ЈСП ќе возат по зимски возен ред

ЈСП Скопје информираше дека од денес, сабота (31.08.2019 година) возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимен возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.
Возниот ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на веб страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.
“Истовремено, во пресрет на учебната 2019/2020 година, ги информираме учениците од средните училишта на Град Скопје, дека од 2.09.2019 година почнуваат да им важат бесплатните билети за користење на јавен превоз“, потсетуваат од претпријатието.
Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште.
Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички “Скопска“.
На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана “Скопска“) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.
Во случај на евентуален проблем, учениците треба да појдат во некој од центрите за персонализација на ЈСП Скопје и таму да го регулираат статусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.