Од денес нема плаќање во кеш суми над 500 евра- следуваат казни до 80.000 евра

Од денеска граѓаните во земјава ќе може да плаќаат во ќеш најмногу до 500 евра. Во сила стапија измените на Законот за платен промет, кој според министерот за финансии, е мерка во борбата против сивата економија.
-Клучно е дека оваа мерка се спроведува со цел да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Заради тоа ние презедовме мерка за спуштање на лимитот за плаќање во кеш и таа мерка се спроведува од порано бидејќи првиот лимит беше на 2.000 евра и успешно се реализира, потоа од 1 јануари годинава лимитот беше спуштен на 1.000 евра, а од денеска ќе биде до 500 евра, изјави Тевдовски.


Во Законот јасно е нагласено дека од 2.000 евра лимитот ќе се напамали на 1.000 евра и ќе се застане на 500 евра.
Тоа, според министерот, е добро, бидејќи тоа е борба против сивата економија и против плаќањата што не се пријавени и не се оданочени.
-Ние имаме институционален капацитет да ја спроведеме оваа мерка, покажавме дека тоа од минатата година успешно се спроведува и така ќе продолжиме, порача министерот Тевдовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.