Од задутре благ пад на температурите

УХМР за попладнево најавува локална појава на пороен дожд, грежи и засилен ветер, особено во западните делови. И во делови на Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 24 до 37степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 7.
Утре во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно и топло време. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Потоа, како што информира УХМР, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.