Од какви типови на мажи треба да се чувате?

Вистина е дека постои љубов на прв поглед, но не мора да значи дека моменталната вљубеност ќе прерасне во долга и среќна врска.
Од овие четири типа на мажи треба да се чувате.
Мамин син
Тој е совршен и најдобар. Барем ако го прашате него и неговата мајка. Поврзан е емотивно со неговата мајка и има високо мислење за себе. Ќе го препознаете по тоа што секогаш мора да биде во центарот на вниманието и сака да му давате комплименти. Освен тоа, поминува многу време грижејќи се за неговиот изглед, па не чудете се доколку има повеќе чевли од вас.

ID:73996039

Заводник
Сите ваши пријателки го познаваат? Ова може да биде првиот сигнал за паника. Со него ќе се чувствувате прекрасно, можеби ќе ви купува подароци, ќе ве носи на вечера. Но, исто такво внимание може да посветува и на други жени. Бегајте подалеку.
Зависник од адреналин
Нема лошо во тоа што мажот кој ви се допаѓа е зависник од адреналин, спорт и здрав живот. Запрашајте се дали може да го следите неговото темпо или да му се придружите. Доколку не, бидете сигурни дека ваквата врска нема среќна иднина.
Работохоличар
Уште на првиот состанок не престанува да зборува за неговата работа? Иако амбициозноста е позитивна карактеристика, внимавајте. Ако прв доаѓа на работа, а последен заминува, секојдневно пие кафе со колегите, вие сте во врска со работохоличар. Треба да знаете дека работата секогаш ќе му биде на прво место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.