Од колиба направија луксузна вила: Поглед од 180 степени кон Витсанд Беј

Британците Трејси Гилпин и Питер Буриџ од трошна колиба (со поглед на заливот Витсанд Беј, Англија) направија одлично прибежиште од секојдневието.
– Живееме во близина, во Плајмут. Витсанд Беј отсекогаш ни било омилено место. Плажата е прекрасна. Првично куќарката ни изгледаше прескапа, но сфативме дека може да си ја дозволиме ако ја изнајмуваме. Имаше многу недостатоци, па само ја урнавме и направивме нова, раскажува Трејси.


Куќичката била стара 60 години, но поради совршената местоположба, чинела 220.000 фунти. За новиот објект, двојката вложила уште 220.000 фунти и така добиле луксузна викендичка за изнајмување, што чини 3.150 фунти седмично.
Новата куќа има спална соба, бања, туш, кујна, дневна соба и голема лизгачка врата, што овозможуваат поглед во распон од 180 степени. Надвор се наоѓаат џакузи и туш.
– Објектот е наменет за двојки и е за приватна употреба. Има многу стакла, така што погледот е извонреден. Ова е моето омилено место, и би минувал повеќе време овде, но мораме да го изнајмуваме низ целата година наредниве неколку години, истакна Питер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.