Од мачкање со масло до секс: Личните тренери откриваат со какви непристојни барања од клиентите се соочуваат

Доколку мислите дека работата на личните тренери е забавна тогаш многу грешите. Некои од нив одлучиче да откријат со какви непристојни барања се соочуваат, а сексот е речиси секогаш тука.
Во текот на вежбањето се ослободува ендофрин, хормон кој е одговорен за добро расположение и среќа. Се разбира дека луѓето во таква ситуација се однесуваат поеуфорично, но понекогаш ја преминуваат границата која треба да постои помеѓу нив и личниот тренер.
Работата на личните тренери е да им помагаат на клиентите полесно да ги изведуваат вежбите и да им помогнат околу правилната исхрана. Меѓутоа клиентите понекогаш бараат премногу.
Анкетата која е спроведена на 2.000 лични тренери ја откри вистината за барањата на клиентите и нивните услуги кои ја преминуваат секоја професионална граница. Дури може да се наречат и како барања за оние кои имаат 18+.


„Дамата на која долго време ѝ бев личен тренер еден ден ме праша дали може да вежбаме голи. Разбирате?“ – во шок изјавил некој од испитаниците.
Друг објаснил дека во просек секоја од пет жени со која соработувал побарала да имаат сексуален однос.
„Бев замолен да ја причекам клиентката да се истушира, а потоа да ја намачкам со масло. Дали тоа е мојата работа?“ – прашал некој од останатите испитаници.
Врвот на листата на барања и тој кој ја однесе победата е прашањето: „Дали може да се соблечеме голи, да се намачкаме со масло или крема и да се “бориме“?“
Меѓу личните тренери речиси вообичаена работа е клиентките да ги удираат по задникот.
Ова се десет непристојни барања со кои личните тренери се соочуваат:
– „Гол“ тренинг.


– “Борење“ со намачкани и голи тела.
– Секс.
– Масажа по задникот после секој тренинг.
– Праќање пораки на „Тиндер“ под услов да се претстават како клиенти.
– Барања да не се потат во текот на тренингот.
– Желба за збор/шифра за безбедност.
– Да не се гледаат во текот на вежбањето.
– Држење на лицето на клиентите додека тие вежбаат.
– Да им се наредува на клиентите дури и со висок тон на гласот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.