Од морбили почина шестмесечно бебе

На Клиниката за инфективни болести утрово почина шестмесечно бебе заболено од морбили, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Според неговата изјава бебето имало компликација на белите дробови и не било вакцинирано, додавајќи дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. И тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба. Починатото бебе прво било лекувано во болницата во Козле.
– Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.