петок, 27 ноември 2026
Најново

Од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Деновиве од печат излезе романот „Фауна“ од канадската писателка Кристијан Вадне, како 211 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Преводот од француски на македонски јазик е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

„Фауна“ е романот кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ како и за наградата „Аурора Бореалис“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат.

Оваа фантастична еко-фикција ги воодушеви и читателите и критичарите, кои не штедеа пофални зборови за романот.

„За разлика од уништените предели што честo се среќаваат во научната фантастика, она што Кристијан Вадне го нуди овде е визија, во форма на почит кон соништата примитивен, кон животот што жестоко се прилагодува, по секоја цена, сакале ние или не. Вадне е нов романсиер кој треба да се следи“. La Presse +

„Фауна е рамо до рамо со Овидиј, Кафка и Велс, додека на сцената влегуваат прекрасни суштества што предизвикуваат страв кога ќе се појават од густата амбиентална магла. ” Le Devoir

„Фауна, прекрасен примерок – книга, возвишен текст, е едно од оние дела што некого збунуваат и определуваат категории читатели.” Solaris

Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот Фауна, со години работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. Дејствието во Фауна, роман сочинет од поврзани приказни, се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозната епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. Успехот и многуте награди со дебитантскиот роман на Кристијан Вадне широко ѝ ги отворија вратите во книжевниот свет.

Поврзани вести