Од полноќ мало зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика објави дека од вечерва на полноќ ќе има мало зголемување на цените на горивата.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 0.17%. Сепак, бидејќи се работи за просек – намалувањето всушност значи дека цените на бензините се зголемуваат за по половина денар, додека цената на дизелот останува иста.
Па така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе чинат 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува и еден литар дизел гориво и понатаму ќе чини 61.00 денари. Цените ќе важат една седмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.