Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскапува за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за ново поскапување на цените на горивата.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.


Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 38,409 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.