Од понеделник се закажани писмени испити на факултетите: Во услови на корона ќе се наполнат амфитеатрите

Од понеделник веќе се закажани писмени испити на повеќе факултети, на кои се пријавени и по 150 студенти. Бидејќи становите им се откажани, а студентите не можат да престојуваат во студентските домови, единственото што им преостанува е да допатуваат во главниот град и лично да се појават собрани од сите градови ширум земјава, пишува „Слободен печат“.
Има дури и студенти на кои од среда им се закажани испити по епидемиологија. И на Машинскиот факултет беа закажани испити за неделава со пријавени по 90, па и 110 студенти од предмет, но откако се појавија зголемен број новозаразени со Ковид 19, факултетот реши да ги одложи испитите со физичко присуство за следната недела. Но, на другите факултети, вознемиреноста е голема, зашто, како што велат студенти, сесијата почнува од 8 јуни, со по 40 луѓе во амфитеатар, а онлајн полагање не е обезбедено освен за мал број предмети. Сите други мора да се појават лично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.