петок, 27 ноември 2026
Најново

Од Челзи негираат дека Абрамович ќе го продава клубот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гласините дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да го продаде клубот за три милијарди фунти не одговараат на вистината, објави „Блумберг“.
Според изданието, рускиот олигарх најмил банкари од САД, за да најдат купувачи на клубот и соодветно, тој да биде продаден.
Абрамович не се појавил во Лондон веќе неколку месеци, откако во мај британската влада одби да му ја обнови визата.


Ова покажало влијание врз работењето на клубот – се забави промената на Антонио Конте со Маурицио Сари, се спроведе релативно слаба трансферна политика и беше замрзната изградбата на новиот стадион.
Сето ова доведе до шпекулации дека олигархот изгубил интерес за Челзи.
Извори од „Стемфорд Бриџ“ сепак, тврдат поинаку.
Абрамович (51) не размислувал за продажба на клубот и ситуацијата воопшто не е променета во изминатите неколку месеци, објави „Блумберг“.

Поврзани вести