среда, 18 ноември 2026
Најново

Од 90-тите работи за Сорос, сега е со Трамп: Кој е Скот Бесан, директорот на инвестицискиот фонд и милијардерот кој беше номиниран за нов министер за финансии на САД (фото/видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе го номинира менаџерот на инвестициските фондови Скот Бесант за нов министер за финансии на САД.Гласот на Америка наведува дека 62-годишниот Бесент е основач на инвестицискиот фонд „Ки Сквер Капитал Менаџмент“ и дека од 1991 година, со прекини, работи за Сорос Фонд Менаџмент.Доколку биде потврдено, тој ќе биде првиот отворено геј министер за финансии на САД.Тој е фокусиран на намалување на дефицитот и рече дека ќе работи на намалување на државниот долг.Бесент, кој е милијардер, ги поддржуваше демократите во минатото, но стана силен поддржувач на Трамп.– Овој изборен циклус е последна шанса за САД да се извлечат од планината на долгови без да станат некаква социјалистичка демократија во европски стил – изјави Бесан за Блумберг во август.Скот Бесант го поддржува планот на Трамп за зголемување на даночните олеснувања и рече дека тарифите под втората администрација на Трамп првенствено ќе бидат насочени кон Кина.

– Скот е широко почитуван како еден од најистакнатите меѓународни инвеститори и геополитички и економски стратези – најави Трамп.

Поврзани вести