Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство

Околу 25 илајди Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство. Најголем дел од нив –над 15 илјади во Хрватска.

Мал дел во Црна Гора, Италија. Швајцарија и Словенија. Ќе работат за најмалку двојно повисока месечна плата од просечната во државата. Најчесто во секторот угостителство.

– Има пораст на платите секаде, во сите земји, затоа што се плашат дека ќе останат без работници. Конкуренцијата на пазарот на трудот доведува до тоа вие да не можете да очекувате да имате квалитетна плата ако немате соодветни квалификации. Некој ќе каже – секој може да биде келнер. Не е така. Ако не ја испорачате услугата квалитетно, нема да добиете висока плата . Или ви супермаркет ако само стоите, не сте продуктивни, газдата нема да биде задоволен од вас и нема да ви даде висока плата, изјави Зоран Кочоски, Агенција за посредување при вработување

Недостигот од кадар кај нас пак, ќе се пополнува со работници од Кенија, Индија, Бангладеш , Непал.. Кочоски во моментов е во Кенија. Држава со 56 милиони жители. Регрутира кадри за работа кај нас. Вели дека има голем интерес, , затоа што таму месечнната заработка им изнесува 250 долари .

– Таргет за регрурација ни се околу 3,000 до 3,500 лица годишно ширум Европа. Просечната плата таму им е од 250 до 350 долари месечни. Ако ние им понудиме 600, 700 долари, секако дека би дошле, но мора да имаме во предвид кога носиме работан сила од странство, дека треба да им понудиме и сместување, за да можат да градат кариера, додава Кочоски.

Од Агенциите кои посредуваат при вработување велат дека мора да се стави ред кој се носи работници од странство, не само кај нас туку и во Европа, затоа што дел од нив не одговараат на потребите на пазарот. Се почести се поплаките од газдите кои вработиле лица од надвор, но истите ги немале бараните квалификации и не можат да ја сработат работата за која се платени.

Пронајдете не на следниве мрежи: