четврток, 12 ноември 2026
Најново

ОКТА ја намали набавната цена на дизелот, попустот за горивата ќе важи до 6 април

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Компанијата Окта донесе одлука за дополнителен попуст од еден денар кај набавната цена на дизелот со што заедно со претходната одлука попустот за дизелот ќе изнесува три денари. Покрај ова, попустот наместо до крајот на март, како што првично беше одлучено, ќе трае до 6 април.
–           Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика, велат од компанијата.
Трговците со нафтени деривати немаат законска обврска ваквиот попуст да го вметнат во крајната цена за потрошувачите, но од Владата се надеваат на општествена одговорност на компаниите.
Како мерка за ублажување на ценовниот шок со енергенси, Владата во неделата на вонредна седница донесе одлука да го намали ДДВ-то за горива од 18 на 10 проценти.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на бензините останува иста, а дизелот поскапе за 3,5 денари за литар.

Поврзани вести