Олдтајмер покоси пешаци во Куба, тројца загинати и најмалку 20 повредени

Автомобил олдтајмер излета од познатиот булевар “Малекон“ во Хавана, Куба и влета меѓу пешаци. Како што соопштија кубанските власти три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени. Двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност, пренесуваат локалните медиуми. Како што се наведува меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција “Пренса латина“.
Причините за несреќата се уште се истражуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.