ОН: Во пораст економските загуби од природните катастрофи

Загубите причинети од природните катастрофи во светот во 2012 година достигнале 138 милијарди долари, при што половината од таа сума е причинета во САД, од сушата и од ураганот Sandy, соопштија Обединетите нации (ОН).

Ураганот Sandy, кој во октомври минатата година го опустоши источното крајбрежје на САД, му нанесе на тој регион загуби од околу 50 милијарди долари, покажуваат податоците на службата за намалување на ризици од катастрофи UNISDR.Следната најскапа катастрофа исто така ги погоди САД, каде сушата во јужните делови на државата нанесе штета од 20 милијарди долари.Минатата година беше втора година по ред во која загубите, поврзани со природни катастрофи, ја надминаа цифрата од 100 милијарди долари, соопшти UNISDR.
Макфакс
Загубите причинети од природните катастрофи во светот во 2012 година достигнале 138 милијарди

Пронајдете не на следниве мрежи: