ОН предупредуваат: Топлотниот бран предизвикува промена, температурите веќе никогаш нема да бидат исти

Високите температури кои неделава доведоа до рекордни вредности во Европа изгледа дека ќе се поместат кон Гренланд, што може да доведе до тоа замрзнатата површина да се спушти во близина или пак да оди под рекордно ниско нив кое било забележано во 2012 година, соопштиле денес Обединетите Нации.
Клер Нулис, портпаролката на Метеоролошката организација на ОН, рекла дека топлиот воздух кој се движел од Северна Африка, не само што поставил температурни рекорди, туку и ги надминал за 2, 3 или 4 степени, што таа го опишала како “апсолутно неверојатно“, пренесува “Ројтерс“.
“Според предвидувањата, што е загрижувачки, атмосферскиот проток сега ќе ја транспортира топлината кон Гренланд“, рекла таа на редовниот брифинг во Женева, додавајќи дека тоа ќе резултира со високи температури и зголемување на замрзнатиот покривач на Гренланд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.