Опозицијата предупредува, по апсењето на Медојевиќ Црна Гора е на прагот на граѓанска војна

,
Синоќа во Подгорица е уапсен пратеникот и еден од лидерите на опозицискиот Демократски фронт, Небојаша Медојевиќ и му е одреден притвор од 60 дена, затоа што одбил да сведочи во предмети на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора.
Апсењето само долеа масло на огнот. Заради несогласувањето на власта и опозицијата за многу прашања Црна Гора веќе подолг период е во политички конфликт. Опозицијата најави дека се очекува апсење на уште еден пратеник на опозицијата, Милан Кнежевиќ, кој најави дека нема намера да се предаде и дека ќе ги чека да го уапсат во Парламентот.
Апсењето го осуди Дорис Пак, претседателка на жените на Народните партии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.