Вчера под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршеа претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваа лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Утрово од Кривичниот суд во Скопје известија дека за 10 лица се преземени перки за претпазливост, а 9 лица се спроведени пред судија на претходна постапка.
„Во однос вчерашната акција на ОЈО гокк, а поврзана со вработени во УЈП, до Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои 9 се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2,3,6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности.“ – велат од Кривичен суд
Неофицијално: Приведена раководителката на УЈП Скопје и десетина вработени – Акција на ОЈО ГОКК



