Општина Центар ќе ја урива ресторантската терасa на Љупчо Ристовски од Интегра.

Општина Центар ќе ја урива ресторантската терасa на Љупчо Ристовски од Интегра.

Изградената тераса треба да се урне во рок од 3 дена.

Доколку тоа не го стори инвеститорот ќе ја урне општината а трошокот ќе му биде испорачан на инвеститорот.

Ристовски тврди дека има одобрение за терасата и ќе се докажува на суд со општината Центар.

“Инвеститорот ДПТУ Примес КО Дооел, со седиште на ул. Павел Шатев бр.2, не поседува Решение за поставување урбана опрема, односно, челична конструкција обложена со стакло, пред деловниот објект на гостилницата „Аманет”. По приемот на ова Решение, инвеститорот во рок од 3 дена, ќе има обврска да ја отстрани градбата – челична конструкција пред деловниот простор.“ – изјави за медиумите градоначалникот Богдановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.