петок, 27 ноември 2026
Најново

Орбан ги повика туристите да ја посетат Унгарија за Божиќ: „Нема мигранти од Африка и Блискиот Исток“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија би сакала да ѝ плати на Европската комисија казна од еден милион евра дневно отколку да се откаже од политиката на нулта толеранција кон нелегалните имигранти и да им дозволи да влезат на нејзина територија.

Орбан ги повика странските туристи да ја посетат Унгарија, која е ослободена од мигранти од Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија, за време на божиќните празници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ќе плаќаме казна од еден милион евра дневно од Брисел затоа што не ги пуштаме нелегалните мигранти за наша и ваша безбедност. Тоа е подобро отколку да живееме во страв. Овој Божиќ, дојдете во Унгарија и доживејте ја Европа каква што треба да биде“, напиша Орбан на социјалната мрежа X, објави Тасс.

Во 2024 година, Судот на правдата во Луксембург, на иницијатива на Европската комисија, ја казни Унгарија со 200 милиони евра за непочитување на Пактот за миграција на ЕУ, при што дополнителни еден милион евра се пресметуваат за секој ден доцнење во почитувањето на таа одлука. За една година, вкупната казна, вклучувајќи ја и каматата, надмина 500 милиони евра, а овие пари можат да се одземат од средствата што ѝ се должат на Унгарија од буџетот на ЕУ и специјализираните фондови. Унгарија ја оспори одлуката на суд и рече дека нема намера да ја плати ниту главницата ниту каматата и дека нема да ги почитува прописите на ЕУ за миграција.

Поврзани вести